(Видео) Украина со дронови гаѓа цивилни цели во Запорожје

Украинските вооружени сили (ВСУ) извршија нов напад врз цивилни цели во Запорожје, вклучувајќи и амбулантно возило, објави регионалниот гувернер Евгениј Балицки.

 

Според неговите изјави, четири лица се тешко повредени во нападот.

Покрај амбулантното возило, беспилотни летала погодиле и неколку цивилни автомобили на патиштата во регионот.

Повредените се префрлени во болница, а нивната здравствена состојба сè уште не е прецизирана.

Локалните власти велат дека нападот е уште еден во низата напади врз цивилната инфраструктура во овој дел од регионот.

Back to top button
Close