ВИДЕО: Умираат стари, ним им дошло да умрат а вирус нема, велат жители на Чаир, кои утре со звучник ќе ги информираат како да се чуваат

Скопје и денеска со рекорден број на заразени со Ковид-19. Околните општини во опасност да бидат ставени во карантин доколку и натаму расте бројот на заразени. Општина со најголем број на заразени е Чаир, пренесува ТВ21.

Граѓанин: „Ковид-19 нема, луѓето што умираат се 70, 90 годишни, ним им дошло време да умрат. Нека кажат дали некој млад починал“.

ТВ21: Тогаш зошто ја носите маската?

Граѓанин: „Само ја ставив“

ТВ21: Се плашите да не ве казни полиција?

Граѓанин: „Да, затоа ја ставив, бидејќи болест нема, вирус нема“.

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека токму ваквиот став на граѓаните е причина за непочитување на мерките.

МЗ оценило дека потребно е во следниот период да се спроведе поагресивна кампања за коронавирусот. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да видат како изгледа состојбата низ болниците, што е тоа тешка состојба и што значи пациент на респираторна машина.  Но има и граѓани кои веруваат дека постои вирусот и дека треба да внимаваме.

Самиот градоначалник на општината Висар Ганиу е во самоизолација поради контакт со заразено лице, тој за ТВ21 рече дека општината утре ќе почне да апелира до граѓаните преку автомобил со звучник, да ги почитуваат мерките.

„Денеска бевме да опремиме еден автомобил со звучник кој постојано ќе излегува на терен и ќе апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата и препораките, но повторувам дека ние не можеме да носиме други мерки освен оние што ги носи владата“, истакна Висар Ганиу.

Ганиу не се согласува само Чаир да се стави во карантин доколку се влоши состојбата со коронавирусот.

„Јас мислам дека бројот расте не само во Чаир туку и во околните општини на Чаир и не би сакал да се преземат мерки само за една општина бидејќи вие знаете дека општина Чаир  E артерија која поврзува две други општини, Бутел и Шуто Оризари и овие две општини ќе се движат о нашите улици и не мислам дека е логично само Чаир да се стави во карантин“, додаде Висар Ганиу.

Од каде дошло до зголемување на бројот на заразени Ганиу не сакаше да коментира, тоа им го остава на здравствените власти, но додаде дека во последно време ја немало потребната контрола од страна на надлежните органи.

Back to top button
Close