(Видео) Ураганот Лора ги зема првите жртви, половина милион луѓе се без струја

Ураганот Лoра, кој се зголеми од категорија 1 на категорија 4, на скала од 5, за само еден ден, го погоди американскиот брег. Метеоролозите го опишаа како „исклучително опасен“ и ги предупредија жителите да се евакуираат или во спротивно ризикуваат да го загубат својот живот.

На удар сега се Луизијана и Тексас.

Во текот на изминатите неколку часови ураганот ослабе во категорија 2.

Многу згради се оштетени, еден град е целосно поплавен, а половина милион жители се без електрична енергија, пренесуваат светските медиуми.

Националниот центар за урагани предупреди дека и натаму се очекуваат силни и опасни ветрови и покрај тоа што ураганот ослабнал.

Back to top button
Close