ВИДЕО | Ѓуровски: Партиите на „малите Путиновци“ треба да се избришат од регистарот и да се тргнат од политичката сцена

Минатата недела беше промовирана книгата „Основи на безбедност“ кој ги воведува студентите во геополитичките промени кои секојдневно се менуваат, но е дообар прирачник и за експерите по безбедност. Видовме дека политичките лидери се обременети со минатото преку случајот со војната во Украина, вели проф. д-р Марјан Ѓуровски кој гостуваше во Утрински брифинг со анализа на состојбата во Украина.

-Малкумина очекувавме дека предупредувањата од агенциите на САД дека по Олимписките игри Русија ќе ја нападне Украина. Очекувањео беше дека Русија ќе изведе блиц криг и ќе го заземе Киев. Но, за среќа руските планови не се одвиваат така. Еве, борбите уште траат и се шират кон границата со Полска, вели Ѓуровски.

Дури и во местата каде има мнозинско руско население има силен отпор против руската инвазија.

-И самата проценка дека рускиот воен систем е веднаш по американскиот се покажа како погрешна, а од сојузници Русија ги има само Куба и Венецуела, а Кина е воздржана иако само таа може да даде финансиска поддршка но не го прави тоа, вели Ѓуровски.

Ѓуровски вели дека Путин се има премногу занесено во улогата на „император“ без да ги има предвид состојбите во кои се наоѓа неговата земја и армијата. Путин поради својата агресивност и сторените дела со секој следен ден само си го полни досието за воени злосторства, додава тој.

-Отпорот на територијалната одбрана, обединетоста на опозицијата и власта во Украина, дадоа силен отпор и Путин може да ја добие оваа војна само со огромни човечки жртви и разорнувања, вели Ѓуровски.

Ѓуровски вели дека евроатлантистите треба да не ја исклучуваат воената агресија и тука НАТО потфрли за време на ковид-пандемијата, а Путин ја разбуди Алијансата и ја поттикна да се реорганизира. Членот 5 е недоволен да се одбранат границите, вели Ѓуровски и препорачува да се изнајде механизам на превенција.

-Американската тактика за поддршка на земјите жртви е можност за превенирање на конфликт. Алијансата го гарантира територијалниот интергитет од напад од надвор. Но, што ќе се случи ако е од внатре? Тука на Балканот имаме многу мали Путиновци, вели Ѓуровски.

Ѓуровски вели дека хибридните операции кои ги имаме во Белград и Софија говорат за руското влијание на Балканот, а тоа се одразува и на Скопје. Во сите три града вчера имавме протести иако кај нас беа незначителни.

-Мислам дека треба да се избришат од регистарот на партии оние кои не покажуваат демократски капацитет и се под влијание на странските служби со цел да се тргнат малите Путиновци од политичката сцена, вели Ѓуровски и додава дека Русија има агресивна пропаганда преку амбасадата и преку црквата. Според него, битно е да се направи безбедносна проверка на вработените во нашите служби.

 

Back to top button
Close