(Видео) Ужасен пад на швајцарски скијач со брзина од 146,7 км./час на патеката во Кицбил

Криенбул немал поголеми проблеми до самиот крај на трката и падна на влезот во целта. Со брзина од 146,7 километри на час, се чини дека Швајцарецот погрешно го процени последниот скок на влезот на целта и ја загуби рамнотежата со полна брзина и падна наопаку на снегот.

Криенбул остана неподвижен на патеката додека Беут Феуз со неверување го гледаше својот сонародник. Трката беше запрена и Криенбул беше пренесен со хеликоптер во болница.

Според првичните информации, Криенбул не бил во можност да зборува, но наводно подоцна се освестил, ги препознал луѓето околу него и треба добро да закрепне.

Трката беше запрена по неговиот пад, а пред Криенбул во заштитната ограда заврши Американецот Рајан Кохран-Сигл, кој помина без сериозни последици.

Back to top button
Close