Видео: Вака во Донбас беше пречекана одлуката на Путин за признавањето – се слави по улиците

Иако одлуката на Владимир Пуин за признавањето на ЛНР и ДНР не беше неочекувана, во Донбас на улиците беше дочекана со прослава.

Како што може да се види на снимките во цетарот а новопризнаените региони владее многу весела атмосфера.

Претседателот на Русија пред камерите потпиша одлука за признавање на Донецк и Луганск како независни држави.

„Сигурен сум дека ќе ја имам поддршката од рускиот народ за оваа одлука. Ви благодарам“, заклучи Путин.

Денис Пушилин и Леонид Пашечник, лидерите на бунтовничките републики, денеска јавно апелираа до Путин да ги признае.

Украина и Западот стравуваат дека признавањето на двете републики може да доведе до испраќање руски војници во источна Украина.

Во своето обраќање, рускиот претседател, меѓудругото, зборуваше и за САД и НАТО. Едно од главните барања на Русија е НАТО да се обврзе дека Украина никогаш нема да стане членка на таа алијанса.

„НАТО и САД ја претворија Украина во воена зона“, рече Путин.

„Приклучувањето на Украина во НАТО би било директна закана за безбедноста на Русија. Во последните месеци во Украина беа испратени големи количини западно оружје. Доколку Украина добие пристап до оружје за масовно уништување, глобалната ситуација драстично ќе се промени и тоа не може да се игнорира“, рече Путин додавајќи дека Украина има планови за нуклеарно вооружување.

Back to top button
Close