ВИДЕО: Вандализиран холограмот на Прличев во Охрид

Паметниот споменик на Григор Прличев, кој пред неколку дена беше поставен во Охрид, а со кој граѓаните можеа да комуницираат, синоќа бил вандализиран. Се обиделе да му го извадат главниот компјутер, а пресечени биле и жиците за довод на струја.

„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.

Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, напиша проф. д-р Анис Сефиданис.

Инаку, споменикот беше промовиран пред македонската јавност во средата, а со него можеше да се комуницира. На нашето „здраво“, тој велеше: „добредојде!“.

 

Back to top button
Close