(ВИДЕО) Вархеји: Очекуваме брз прогрес и прва меѓувладина конференција до крајот на годината

По избори во Бугарија и во Северна Македонија, се надеваме на брз прогрес за почнување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија до крајот на оваа година, рече Вархеји при пристигнувањето состанокот на Советот на министри за надворешни работи

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји очекува брз прогрес во преговорите меѓу Скопје и Софија со цел до крајот на годината официјално да почнат преговорите за зачленување на С Македонија и на Албанија во ЕУ. Пристигнувајќи на заседанието на Советот на министри за надворешни работи, кое се одржува денеска во Брисел, а каде што една од темите е Западниот Балкан, Вархеји го изрази својот оптимизам дека отворените прашања ќе бидат решени.

„По избори во Бугарија и во Северна Македонија, се надеваме на брз прогрес на тој план. Од наша страна ние веднаш ќе продолжиме со ангажманот за да се финализира отвореното прашање околу првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија до крајот на оваа година“,рече Вархеји.

Проширувањето, според него, е најсилниот инструмент на ЕУ во односите кон земјите од Западниот Балкан, но тој посочи дека европските партнери не го забораваат ниту другиот елемент или политика кон регионот.

„Го имаме и економскиот и инвестицискиот план за Западниот Балкан и ние посветено работиме да го имплементираме што е можно поскоро“,изјави Вархеји.

Back to top button
Close