(Видео) Вечерва нападната редакцијата ИНФОМАХ. Емисијата Тешки муабети прекината.полицијата интервенирала
Вечерва околу полноќ додека во живо течеше поткастот Тешки муабети со Александар Митовски Миош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуу најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото.
Мечка и Мичо на почетокот на емисијата вечерва кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како што тврдат лица кои ги следат а претходната вечер кога завршиле околу 1 и 15 по полноќ пред студиото имало две лица во возило ауди кои сликале отишле и ги прашале што бараат но тие без одговор заминале.
Вечерва пак лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала“ја скршил вратата на студиото а тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција.
На фејсбук се огласи сопственикот и главен уредник на популарниот поткаст Александар Митовски и еве што наиша








