(ВИДЕО) Величковски: Мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено
„Партиските мегафони на власта, медиумски распоредени на различни места се обидуваат да кажат дека сите сме виновни. Не, виновни се тие коишто корумпираат, коишто се корумпираат и тие коишто заработуваат на нелегален начин, слободно можам да кажам, во изминативе повеќе од 25 години“, вели за „Трилинг аналитичарот и политичар Ивон Величковски.
„За да ја отворам темава на вистински начин, за да спречиме уште некој голема трагедија треба да ги отвориме прашањата онаму каде што сме застанале пред 20 години“, вели Величковски.
-Забележувате дека во Кочани, можеме слободно да зборуваме и за тој триаголник со Велес и Свети Николе, функционираше една т.н „Франкфуртска мафија“ којашто не може да биде дел од организираниот криминал доколку државата не стоеше зад неа. Сетете се за улогата на Кочани во минатиот систем и кои се служби беа распоредени во него и кој беше третманот на т.н источниот дел од караулата на тогашна СФРЈ кон Бугарија и кон Албанија. Едноставно треба да зборуваме за фактите. Таа мафија не се јави сама по себе и нејзините последици ги гледаме денеска во Кочани.
Фото: Трилинг / Ивон Величковски
-Ќе ги отворам и понатаму прашањата – дали единствените загуби на струјата се случуваат во Арачиново, како што се обидуваат да кажуваат партиските мегафони или ќе најдеме локации во тој триаголник којшто го споменав и се протега се долу до Струмица.
-Организираниот криминал е тој кој овозможи ниту судство, ниту обвинителство да не регистрираат обиди за рекетирање, за насилничко однесување и слично.
-Таа мафија, вели Величковски, беше трансформирана, но не значи дека не постои.
-Како заврши аферата „Детонатор“ која спонтано се јави и спонтано ја снема. Источниот дел на Северна Македонија е под окупација од старите структури и се држи во очигледен притисок, но тој притисок сега попушти. Попушти на најслабата карика, на оние коишто се најмалку виновни за тоа. На шеесет млади животи. Нема да зборам за оние системски пропусти, ако се наоѓале малолетници како дискотеката функционирала. Таа функционирала во мандати на најмалку три или четири локални самоуправи, раководени и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Таа функционирала и во Министерство за економија раководено и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Таа цело време требала да биде инспектирана, како и сите други угостителски објекти. Но зошто не било тоа така? Дали е тука сплетот на организираниот криминал кој најлесно ги наоѓа своите патишта во таквите делови од ноќниот живот. И конечно да се запрашаме дали потоа се перени пари кои понатаму се движеле, било низ градежништво, било низ игри на среќа и биле пуштени во легалниот промет.
„Не е точно дека сите сме виновни“, вели Величковски и додава дека виновни се тие коишто ќе бидат најдени во една ваква истрага којашто ќе биде многу поголема и од тие причини смета дека премиерот Мицкоски одби меѓународна истрага.
– Кога власта вели тргнавме и нема запирање и кога велат имаме голема мафија, Величковски вели власта да каже кој е капо ди тути капи во државата.
„Ние ги охрабруваме во тоа, но да се соочиме и со другите факти. Штом тоа го велат, значи дека знаат. Штом знаат, значи дека имале допир со неа. Можеби ги имаат во своите структури, партиски, политички. Можеби се инсталирани во државните, правосудните органи.
-Се сеќавате на каков отпор наидуваше секоја наша иницијатива за ветинг, но и она што значеше комплетен реизбор на судството и правосудството. Ние и денеска мора да внимаваме што ќе снема во истрагата, а не само што ќе биде најдено. Има многу статуси по социјалните мрежи, од обвинители и слично, кои учествувале и во модуларната болница. Што сакаме ова да биде 1:1? Еден куп жртви од едната партија, друг куп жртви од другата партија? Сега нема зошто да молчиме. Затоа кажав и на почетокот на неделата – ние сме веќе поделени. Од една страна се тие коишто заработуваат на нашата крв, бидејќи крвави им се рацете, од друга страна сме ние кои не сакаме веќе ова да се повтори, ниту смее да се повтори. За жал доцниме, вели Величковски и додава дека сега ќе им биде на сите јасно зошто одредени структури во политиката биле саботирани, уништувани и маргинализирани.
„Тоа е за да може организираниот криминал преку овие партии и преку нивната олигархија да функционираат непречено. Еве ги последиците и уште последици ќе се јавуваат доколку вака продложиме“, истакнува Величковски.
Премиерот Мицкоски веле дека митото е ДНК на општеството и бомбастично најавуваше битка со мафијата и дали оваа битка на Мицкоски ќе заврши како онаа во деведесетите на Црвенковски кога ја отвори аферата „Октопод“, Величковски смета дека е истото со она „ќе ги кратиме пипците на октподот“.
-Не, пипците не беа скратени само беа продолжени и само ја видоизменија својата траекторија на движење и траекторија на движење на сопствените пари.
-Затоа ќе ве вратам назад. Погледнете во источниот дел на Северна Македонија. Каде е најголемото иселување по глава на жител? Започнува во Кочани. Каде се одвива натаму? Виница, Делчево, Берово, Пехчево. Мислите дека тоа е нешто ново? Свети Николе исто така, тука е и Велес. Не, таа иста мафија, или таа иста корупција владее и таму како што владее и во други делови од државата, затоа што никој не сакал да се пресмета со неа, а оние коишто сакавме, бевме тргани и маргинализирани на страна. И затоа сега олигархијата која ја создаваше или учествуваше во создавањето на поделбата – крупниот криминал и приватизацијата кај белите крагни, ситниот криминал кај организираниот криминал – во делот на бруталниот и насилниот криминал, кај структурите блиски до полицијата. Е сега таа иста олигархија ќе се плаши од истите насилници под кои не може да се движиме ниту ние, ниту тие на улица, смета Величковски.
Величковски вели дека нема да влезе во стапицата и на опозиционите парламентарни партии и на оние од власта кои велат дека случајот не треба да се политизира.
Тој смета дека и тоа како треба да се политизира случајот, бидеќи станува за политика на уништување на сопствената држава.
„Ние сме против, тие нека си бидат за досегашното уништување. Она што не смееме да го дозволиме е партизирање, бидејќи партизирањето, во сите овие дозволи коишто биле издавани, во целото толерирање на финкционирањето на нелегална дискотека, учествувале, во најмалку три мандати, сите партиски функционери именувани од министри па надолу“, додава Величковски.
Говорејќи за тоа дека е морбидно да си правиш ПР врз луѓе кои се борат за живот и притоа да велиш дека тоа го правиш од човечка и хумана димензија, Величковски вели дека на министерот Таравари му е обврска да организира добар здравствен систем, а не како во случајов 70 луѓе да се лечат во Северна Македонија, а над 100 да се лечат надвор.
-Истото се однесува и на премиерот. Истото се однесува и на господинот Вучиќ којшто отиде и се сликаше со нашите пациенти во Белград. Истата матрица води до истиот страв, од коишто властите и во Скопје и во Белград се плашат. Но тоа не е предизвикано од некоја партија, тоа е предизвикано од чувството на гадење коешто граѓаните го чувствуваат кон власта, бидејќи власта е повеќе од една Влада. Власта е тој невидлив систем кој го исели источниот дел на Северна Македонија, којшто Скопје го направи транзитна позиција кон иселувањето надвор и ќе ве потсетам само дека на овој начин ние само се обидуваме да се вратиме во позициите од деведесетите години, каде што ако падне авион, тој што ќе преживее ќе појдат да го посетат и сите да се сликаат него. Ова стана некрофилска политика. Само оние коишто се подготвени да владеат со пепел нема да бидат изолирани од желбата ПР-овски да успеат да добијат поени и на вакви жртви. За жал Владата сега тоа покажа дека и е политика, смета Величковски.
Говорејќи за тоа дека пратеници од владејачката гарнитура досега не смогнаа сили да изразат желба или да се појават градовите од каде што црпат поддршка на изборите, Величковски вели дека тоа се луѓе кои се отуѓени од своите места.
„Ние имаме централизирна политика, токму за да не се знае што се случува во секое место и да нема одговорност. И сега е обидот да се прекине линијата на одговорност која што оди од горе до долу. Бидејќи сакавме централизирана држава, повелете ја добивме, но тоа сега значи дека централизирана е и одговорноста. Дали министерот за внатрешни се вика Панче Тошковски или Тоше Панчевски сѐ едно е. Началниците кои што тој сега ги менуваше беа именувани од него. Треба да каже по чиј предлог ги именувал. По сопствено наоѓање, во консултација со опозиција, по барање на премиерот, бидејќи во овој временски период во којшто тој е министер за внатрешни работи повторно биле промашени контролите. Повторно ништо не се гледало, ништо не се инспектирало.
-Ќе спомнам и за револтот во Кочани. Зошто мислите дека луѓето отидоа и го искршија локалот во центарот, кога кажаа дека станува збор за половина објекти-дивоградби? Тие луѓе чувствуваат дека се оставени на самите себе и на милост и немилост на бруталниот криминал“, вели Величковски.
Величковски вели дека проблемот не е ниту во Софија, ниту во Атина, ниту во Белград, ниту во Приштина, ниту во Тирана, не е ниту во Брисел.
„За што се одбегнуваше да бидеме дел од тракторијата за полноправно членство во ЕУ? За да нема контрола. Тоа е прва работа. Втора работа е прашањето каде ги лечиме нашите пациенти. Нашите пациенти ги лечиме во странство. За кој суверенитет зборуваме? Трето, зарем може да заборавиме дека ние во овој момент треба да инспектираме како работел нашиот Центар за управување со кризи. Колку пациенти се пренесени организирано, каков е форматот на работење. Се плашам дека се сомневам дека некои работи не функционирале добро. Плановите за реагирање во кризни ситуации од овој тип се работени уште 2004 година. Она што значеше неуспешно справување во делот на короната и третманот на пациентите е само еден дел од пропустите. Сега треба да провериме и како функционирал Центарот за управување со кризи и дали имаме капацитет да се справуваме со кризи од таков тип. Лечиме во странство, пожари ни гасат од странство, што треба друго? За тоа ќе биде проблем секој сосед, за тоа ќе биде проблем секој кој ќе кажува за овие проблеми, само политичките партии или да бидам попрецизен, нивните раководства, нема да бидат проблем, вели Величковски и додава дека овој гнев нема да заврши.
„Ние сме веќе поделени, но не онака како што сакат политичките партии и олигархиите, не по етничка основа, туку суштински. Оние коишто ја сакаат својата држава, коишто сакаат да живеат во организиран систем, во ред, кои сакаат да се борат против криминалот и оние другите кои се спротивставени на тоа. Затоа постои една и единствена опасност, а таа ќе биде токму од оние кои сега се загрозени на овој начин – од промената на толеранцијата и спуштањето на нејзиниот праг кон овие девијации. Тие ќе предизвикаат политичка криза.
-Забележувате дека никој не зборува дали Владата треба да даде оставка или не. Сите бараат да се најдат виновниците и тие да бидат санкционирани. Ова не е партиско прашање, ова е политичко прашање коешто за жал зрееме да го решаваме низ многу жртви, вели Величковски и додава дека ова е преголема трагедија којашто сите ја чувствуваме и не можеме да се однесуваме како да ни е сеедно, вели Величковски.
„Жртвите не можат да бидат вратени, можеме да спречиме нови жртви, нова експлозија на насилниот криминал, на бруталниот криминал. Лиферацијата на дрога во ’95, ’96, ’97-ма во периодот кога започна криминализацијата, започна токму од тој регион во Северна Македонија. Кочани беше еден од центрите. Сега видете дали повторно истото ќе се случува, каде ќе се случи. За цело тоа време обвинувани беа Албанците. Еве уште нешто. Да се вратиме на „Детонатор“ и пред тоа. Да се вратиме на сето она што беше покривано и оние осцилации – Изборна единица бр. 3, еднаш е за една структура, друг пат е за друга политичка структура, но секогаш беа тоа огромни осцилации, во зависност од тоа како партиите ќе се договореа со криминалот“, вели Величковски.
Целиот разговор со аналитичарот и политичар Ивон Величковски погледнете го тука