(ВИДЕО) Венко Крстевски објави дека ќе трча за градоначалник на Кочани како независен

Венко Крстевски вд градоначалник на Кочани денеска како што рече на Богородица најави дека ќе трча за градоначалник на Кочани како независен кандидат. Крстевски беше избран како независен советник во општина Кочани за вд градоначалник по трагедијата на дискотеката Пулс и оставката на тогашниот градоначалник Папазов од редовите на ВМРО ДПМНЕ  кој беше и притворен и е еден од обвинтетите во судскиот процес кој сеуште не е започнат.

Крстевски посочи на воспоставените дипломатски контакти со амбасадори кои, според него, ќе бидат поддршка во обновата на градот „што премногу долго бил запоставен“.

„Не ветувам чуда, покажав резултати. Во најтешките моменти бев тука, не пред камерите, туку пред народот, лице в лице,“ изјави в.д. градоначалникот, додавајќи дека оваа кандидатура не е политичка битка, туку граѓанска обврска.

Под мотото „Со срце и душа за Кочани“, тој ја претстави својата цел – враќање на гласот на граѓаните и достоинството на гра


Видео: Радио Кочани

Back to top button
Close