(ВИДЕО) Венко Крстевски се извини на фамилијата на Панчо од ДНК

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, преку видео обраќање јавно се извини на фамилијата и пријателите на починатиот член на дуото ДНК, Владимир Блажев-Панчо.
Тој призна дека погрешил, но дека изјавата била дадена искрено, без зла намера.
Крстевски изјави дека дал „искрен одговор“ и вели дека секој може да згреши, додавајќи дека неговите гревови се „само една капка во морето“.
Во пораката нагласи дека сега е време за обединување и повика сите Кочанчани заедно да се посветат на подобра иднина.
Крстевски само неколку дена пред Панчо да почине, изјави дека тој е главниот виновник за пожарот во Пулс.






