(Видео) Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување
Вилма Русковска го пријавила Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција за вознемирување, откако тој вчера вечерта, додека беше вклучен во живо на „Јутуб“ телефонски и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон повеќе пати.
View this post on Instagram
Од МВР за „Скопје1“ ја потврдиле пријавата.
View this post on Instagram
Од снимката може да се види дека Јовановски ја контактира Русковска со цел, како што вели, да ја праша за Фехми Стафа. Таа одговара на телефон, а откако Јовановски посочува дека таа е во живо, таа му вели „Добра ноќ“, на што тој враќа со „Не добра ноќ, ѓубре едно! Хохштаплерке, олошу“. Откако линијата исклучува Јовановски продолжува „Не добра ноќ да исклучуваш телефон,олошу. Не знае да ме блокира“.
„Не спие бе, пие бе, какво спиење“, вели Јовановски.
Потоа, Русковска неколку пати ги одбила повиците, а кога Јовановски и ѕвони на апликација, таа одговара и му вели: „Слушај да ти кажам, ако продолжиш да ѕвониш, во моментов те пријавувам во полиција“.
Јовановски враќа: „Јас имам потреба да ве прашам бидејќи во моментов има 2.000 гледачи во живо, за вашата близина со Феми Стафа… од новинарски аспект, од новинарски апсект…“.
Русковска му вели: „Само ако продолжиш, во полиција те пријавувам, пријатно“, на што Јовановски и вели „Хохштаплерке“.
По затворање на повикот од страна на Русковска, Јовановски пак ја контактирал.
Од МВР велат дека работат на случајот.
„На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје В.Р. пријавила дека била телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, велат од МВР.






