(ВИДЕО) Во чад и неподнослива миризба учениците од Аеродром ја почнаа учебната година

Жителите на скопската општина Аеродром утрово се разбудија во облаци чад и неподнослива миризба што се шири низ населбата. Учениците кои побрзаа на првиот час, денеска ќе дишат токсичен воздух.

 

 

 

Од раните утрински часови, воздухот во овој дел на градот е загаден и тешко се дише, а граѓаните се жалат дека мирисот е присутен и во нивните домови.

Ситуацијата повторно го отвори прашањето за сериозните последици од постоењето на дивата депонија Вардариште, која со години претставува еколошка бомба во срцето на Скопје. Граѓаните бараат надлежните институции итно да реагираат и да го решат проблемот кој сериозно го загрозува нивното здравје и квалитетот на животот.

Повиците за блокирање на бул „Србија“ и АСНОМ, во близина на мостот „Близнак“ се сѐ погласни.

Дел од жителите на оваа населба ги повикуваат и политичарите од Зелен хуман град да бидат предводници на граѓанскиот револт кон институциите и заедно да се издејствува решение за поранешниот дом „Ранка Миловановиќ“ и депонијата, односно претоварна станица Вардариште.

 

Back to top button
Close