(ВИДЕО) Во Чаир се пазари и среде полициски час. Раздвижено и во Даме Груев

 

За некого цел викенд карантин, за други – само обична недела. Некои од луѓето повеќе се плашат од камера отколку од полиција. Влегуваме во последните часови од викенд карантинот, а Телма на терен провери дали улиците се пусти насекаде и дали граѓаните се послушни. На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.

Вака беше во скопски Чаир. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час.

Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Ова е населбата Даме Груев, за некои позната и како Новоселски пат.

повеќе

Back to top button
Close