ВИДЕО: Во две џамии во Тетово немаше молитва за Бајрам – „Никогаш не сум ги почитувал одлуките на реисот Сулејман Реџепи“, вели Абази

Одлуката за држење молитва за Фитр Бајрам не ја почитуваа двајца имами во Тетово. Вратите на џамиите во селата Порој и Глоџ утрово беа затворени. Имамот на џамијата во Порој, Максут Абази вели дека оваа одлука ја донел заради безбедноста на граѓаните имајќи ја предвид состојбата со Ковид-19 и мислењето на експертите.

„Гледајќи што се случува во светот, гледајќи ја опасноста од овој смртоносен вирус и имајќи ги предвид државите како Саудиска Арабија која е Мека, центар каде верниците за секоја молитва се вртат по пет пати на ден натаму, е затворена со полициски час, и Турција, нема причина ние да ги отвориме џамиите. Овие одлуки ги носат експертите а не оџите“, истакна Максут Абази, Имам на џамијата во Порој, пренесе ТВ21.

Максуит отиде чекор понатаму велејќи дека никогаш до сега не се согласувал со одлуките на реисот Сулејман Реџепи, уште од 2006 кога е избран за поглавар на ИВЗ, велејќи дека и парите на верниците ги инвестирал во џамијата и селото.

„Јас мислам дека ИВЗ како институција со децении, особено последнава деценија не го штити интересот на верниците, оваа војна не е од сега туку е веќе неколку децении, затоа одлучивме да биде последен пат и еднаш засекогаш да се разликуваат искрените од лицемерните. Јас парите од верниците уште од 2000 година кога дојдов ако имам ги чувам тука и ги користам за одржување на џамијата и дворот со зеленило и за украсување на тротоарите од фондот на самите граѓани“, додава Максут Абази.

Сите други џамии во Тетово и околината држеа молитва за Фитр Бајрам. Имамот на Шарената џамија во Тетово рече дека верниците биле запознаени со условите што треба да ги исполнат за извршување на ритуалите во џамија.

„Им благодарам на донорите кои донесоа маски така што имаме можност тие што немаат маски да добијат во џамија за да ги исполнат условите. И упатствата се на определени места и секој верник може да добие ливче и да се запознае со условите што треба да ги исполни. Мислам дека ние има дадовме упатства на верниците и условите се почитуваат“, порача Абдилбаки Касами, Имам на Шарената џамија.

Поради големиот број, верниците немаа можност да држат физичко растојание, меѓутоа на влезот на џамијата се дезинфицираа и мораа да носат маска. Пред и по молитвата сите џамии во Тетово беа дезинфицирани. Имамите апелираа посетите кај роднините да се избегнуваат заради спречување на ширењето на вирусот.

Back to top button
Close