(ВИДЕО) Во Финска повредени 27 лица, претежно деца – се урна пешачки мост

Пешачки мост се урна денеска во Финска, при што се повредени 27 лица, повеќето деца, јавуваат финските медиуми.

Регионалната спасувачка служба на Хелсинки соопшти дека несреќата се случила во 9:30 часот по локално време, во Еспо, недалеку од главниот град Хелсинки.

Управата на болницата во Хелсинки исто така потврди дека меѓу повредените има многу училишни деца.

На сликите објавени од финските медиуми се гледаат неколку луѓе кои лежат на земја.

 

Back to top button
Close