(ВИДЕО) Во Ниш емотивен свечен пречек на студентите коишто пешачеа до Крагуевац
Студентите кои пешачеа до Крагуевац се вратија во Ниш, а граѓаните им организираа свечен пречек.
Студентите пешачеа од Ниш до Крагуевац четири дена. Таму, се организираше масовен процес на кои присуствуваа илјадници луѓе. Сега, со помош на таксистите кои ги поддржуваат, тие се враќаат назад. Една од студентките вели дека ова е „нереално“:
„Сега се чувствувам совршено, ништо повеќе не ме боли, ништо не е тешко, сите се добри. Како да има посериозни повреди, ние сме најсилни“.

Студентот Богдан, пак, рече дека му се помешани емоциите:
„Солидарни сме со сите колеги, со граѓаните, за подобра Србија, за подобро општество. Пумпаме силно, како што пумпа срцето во нас, пумпање на срцето, пумпање на добрината“, рече тој.
Студентите пеат и „ние нишлии, пумпаши, стигнавме до Шумадија, за Сретение да се сретнеме, ние за правда пешачиме“.
Видеото од емотивниот пречек може да го погледнете на следниот линк. (Н1)