ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата
Откако беше дадена пауза на денешната седница на Советот на Општина Кочани, настана вистински хаос и бркотница помеѓу двајца советници, од што подебелиот крај го извлече вработена во општината. Веднаш потоа имаше реакција од кочанската полиција.
– Имаме опструкции во Советот. Не се гласа за меѓуопштинска соработка. Гледам навреди и обиди за физички пресметки. Јас тоа нема да го дозволам. Ќе се спротивставам на овие партиски игри и во наредниот период ќе работам попосветено во интерес на кочанчани – рече в.д. градоначалникот Венко Крстевски.
На седницата се расправало за рушење на дивоградбите и за состојбата во Кочани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.
видео: Радио Кочани и тв М-нет