(ВИДЕО) Во земјава пристигнаа уште 131 цивили од Авганистан
Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан.
Како што соопштија од владината прес-служба, се работи за вработени на Обединетите нации за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава, со што земјава продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.
По слетувањето беше спроведена стандардната процедура – безбедносна проверка и заштита и ПЦР-тест.
Тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите нации.
Во земјава во моментов престојува 531 граѓанин на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат потребната поддршка и помош.
Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.