(ВИДЕО) Вонреден прес на Левица по инцидентот: Не им се плашиме

Пратеникот кој денеска го пцуеше Апасиев има две кривични пријави, откри денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот Амар Мециновиќ од Левица.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ постојано вон сите норми на парламентарството се користат со најодвратни механизми за провокација, имено анонимнниот пратеник Зоранчо Јованчев денеска го опцу Димитар Апасиев спомнувајќи го неговото семејство.

Интересно е за јавноста, овој пратеник има две кривични пријави, една е за дивоградба во Лозово, другата е за крадење на вода, за див приклучок.

Нашата порака е дека не им се плашиме, ние сме шесторица, тие 58, нека бидат уште 50, на секој насилнички одговорор ќе вратиме уште пожестоко, истакна Мециновиќ.

 

Back to top button
Close