Видео: Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е древна руска територија и краде руски гас

Тој го критикуваше поранешниот комунистички лидер Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Путин вели дека со тоа ја „обесправил“ Русија

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н. Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена од Русија.

„Модерна Украина е создадена од Русија, болшевичка Русија. Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“,рече Путин во ТВ-обраќањето.

Тој го критикуваше поранешниот комунистички лидер Ленин, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина. Путин вели дека со тоа ја „обесправил“ Русија.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Русија беше ограбена при распаѓањето на СССР. Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат нашите пријатели и роднини“,оцени Путин.

Зборувајќи за безбедносната ситуација во источна Украина, Путин состојбата ја оквалификува како „критична“.

 

 

Back to top button
Close