Видео: Возач на македонски туристички автобус загинал во сообраќајка во Италија, 12 патници повредени
Сообраќајната несреќа на македонскиот туристички автобус, во која загина 59-годишен возач, се случила денеска околу 9.30 часот во тунел на делница од автопатот А14 во регионот Марке во Италија.
Како што пренесе италијанската новинска агенција АНСА, несреќата во тунелот Винчи (Купра Маритима) се случила помеѓу три товарни возила – автобусот и два камиона, а од сударот избувнал пожар од еден камион што пренесувал алкохол.
#AscoliPiceno, #incendio in galleria a Cupra Marittima, sulla A14: proseguono da parte dei #vigilidelfuoco lo spegnimento degli ultimi focolai e lo smassamento del materiale bruciato [#4aprile 16:30] pic.twitter.com/ODPk69LzB6
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 4, 2024
За несреќата вечерва соопшти Министерството за надворешни работи кое било известено од нашата Амбасада во Рим дека меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона се случила сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија во која „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.
Италијански медиуми објавуваат дека повредените патници биле пренесени во болници. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале пожарот, а автопатот бил затворен за сообраќај и повторно отворен во 15.30 часот.
#AscoliPiceno, dalle 10 #vigilidelfuoco impegnati a Cupra Marittima per un #incendio nella galleria Vinci, sulla A14, coinvolti un pullman e un camion carico di sostanze alcoliche: 5 squadre al lavoro, giunte anche da Fermo e Macerata, intervento in corso [#4aprile 11:30] pic.twitter.com/fhZ2CJ9Dyk
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 4, 2024