ВИДЕО: Вучиќ го промеша грашокот

За време на паузата помеѓу консултацијата за кандидат за претседател на српската Влада, актуелниот српски претседател Александар Вучиќ се огласи со видео на социјалната мрежа Инстаграм.

„Чекајќи го Годо, дочекав грашок“, напиша претседателот Вучиќ под видеото на својот профил на Инстаграм.

На снимката се гледа како Вучиќ разговара со вработените готвачки во кујната.

– Пред состанок со листата „Србија против насилство“, но поради тоа што тие никогаш не доаѓаат и не сакаат да разговараат со автократи, диктатори, јас решив да ги посетам овие прекрасни дами во кујната и да видам какви вкусни јадења подготвиле за сите оние кои работат во оваа зграда – рече Вучиќ.

Back to top button
Close