Видео: Вучиќ призна пораз


Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија.

– Јасно е дека ги загубивме изборите. Ние освоивме од прилика 105 мандати, а студентската листа 135 до 140 мандати – рече лидерот на СНС.

Според Вучиќ, за СНС гласале околу 1 милион и 720 илјади изборачи, додека за студентската листа околу 2 милиони и 200 илјади.

„Многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите до кој степен некои луѓе лажеле и какви работи измислувале. Сакам да ве информирам дека, врз основа на стратификуван примерок – па, јасно е дека ги изгубивме овие избори“, рече Вучиќ.

Победи листата на „студентската блокада“; тие ќе имаат меѓу 135 и 140 пратенички места, додека ние ќе имаме околу 105. Никој друг не влезе во собранието.

Всушност, чекајте – Унгарците од Војводина влегоа со 3 пратенички места, Албанците со едно место, а мислам и СДА – иако не ме држете за збор. Значи, ние имаме некаде околу 1.720.000 гласови – ова ви го кажувам врз основа на примерок, иако тоа е сосема неважно. Тие имаат околу 2.200.000 гласови.

Од вечерва сме опозиција со 105 пратенички места и ке им покажеме како работи опозиција. Немаше ова да се случи да не го помагаа две западно европски држави и длабоката Американска држава која аботи и против Трамп, изјави Вучиќ.

 

 

Sve informacije o izbornom

Back to top button
Close