(ВИДЕО) Вучиќ: Синоќа на една телевизија зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала – никогаш нема да можат да и ја одземат слободата на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил каде порача дека никогаш нема да можат да и ја одземат слободата на Србија.

-Почитувани граѓани на Србија, знаете дека сум навикнат на секакви навреди, клевети, лаги, глупости и тоа е дел од работата. Нема нешто што не го кажале, излажале, за моето семејство, за некој од Вучиќ. Синоќа на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии, зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала… и десетици други такви навреди, меѓу кои и дека сум болен… Некои други политички актери се заканија дека ќе бидат уапсени, мене и брат ми, рече тој и додаде: Се е во ред, Србија е слободна и демократска земја, сето тоа го научив. Сепак, има две работи за кои нема да молчам, едната е создавање списоци за прогон на неистомислениците, тоа е нешто што е недозволиво и што државата Србија и граѓаните на Србија не сакаат да го слушнат и не сакаат да страдаат, а втората е злоупотреба на деца за политички цели и покана до децата и младите да учествуваат во насилство. Никогаш нема да можат да ја земат слободата на Србија и Србија нема да запре, заклучи Вучиќ.

 

Back to top button
Close