(ВИДЕО) Вучиќ: Српските функционери да бидат вниматели во изјавите кон Северна Македонија, Ковачевски силно му реагираше на Курти за Тетово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на Северна Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград.

-Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти…., рече Вучиќ за РТС.

 

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Северна Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

Back to top button
Close