(Видео) За адвокатот на Камчев садизам било да се апси на Прочка?!

Во изјава по одлуката на бизнисменот Орце Камчев неговиот адвокат им изјави на новинарите дека ова пто денес одлучил судијата било садизам да се апси на ваков ден односно на Прочка. Тој рече дека во полиција кога утрово во 8 и 30 го привеле Камчев му рекле дека го приведуваат за некакви изборни измами и тврди дека и него не му е јасно за што го теретат и зошто му е одреден притворот.
Велат имале сознанија дека сакал да бега, како да бега и зошто,неговите два пасоша и Македонскиот и Бугарскиот се во судот,одземени му се од поодамна,рече адвокатот. Видно револтиран од како што неколкупати повтори садизмот што го правеле институциите порача дека ова ке заврши во судот во Стразбур.
Тој ја оспори и надлешноста на обвинителката Лиле Стефановска потсети дека против неа има кривична пријава а прашан дали приведувањето и притворот се за случајот “плацеви на Водно“ рече дека тоа никој нити во судница нити во решението за притвор не е споменато. Адвокатот ги повика новинарите да биле како што рече, критичари на овој случај оти утре можело вака и него и сите други да бидат уапсени како Камчев.






