(ВИДЕО) За грешката со бугарското знаме во Велес, Цеца им се „истури“ на српските новинари

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна одржа концерт во Велес, пред околу 5.000 обожаватели во спортската сала „Гемиџии“. За време на настапот, една нејзина бугарска обожавателка од публиката ѝ подаде бугарско знаме, па пејачката го зеде и се покри со него.
Овој гест предизвика измешани реакции. Дел од публиката беше изненаден. Во некои медиуми се појави информација дека Цеца морала да ја напушти сцената поради незадоволството на публиката, но набрзо се вратила и го продолжила концертот.
Сепак, некои медиуми во Србија отидоа и чекор понатаму, тврдејќи дека пејачката била „исфрлена од концертот“.
Цеца револтирана од ваквите гласини, реагираше кога пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“.
Кога српските новинари ја замолија да ги искоментира случувањата во Велес, таа одговори:
„Дали сте новинари? Зошто не истражувавте“, луто одговори, а потоа додаде:
„Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека ме натерале да се симнам од сцената! Дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа… Мислам, чест на исклучоците, а има и такви што шират такви глупости“, рече пејачката.
За ситуацијата со бугарското знаме, кратко коментираше:
„Да, таа ситуација се случи, веќе дадов изјава на таа тема и беше решена. Има и полоши афери за кои не ги вознемиривте моите колеги. Пеам 40 години. Никогаш во животот не сум имала провокативна изјава и ништо друго“ – заклучи Цеца.






