(ВИДЕО) Заев: Не можам да речам дека се договоривме, ќе продолжиме со разговорите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите кажа дека се уште нема договор за коалиција.

Тој попладнево беше во Собранието на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Ќе продолжиме деновиве со разговорите за формирање мнозинство а штом ќе имаме што да соопштиме ќе ве информираме – изјави Заев.

Прашан за неговата изјава дадена претпладнето дека повикот на Ахмети до лидерите на другите албански партии во четврток заедно да го одбележат денот на донесување на Рамковниот договор кој Заев го протолкува како притисок врз него и коалицијата Можеме и вечерва повтори дека ако е за одбележување на рамковниот тогаш треба да бидат поканети и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ како потписници на овој договор со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001.

Back to top button
Close