(ВИДЕО) Заев од Куманово: Мицкоски и групата околу него ги чека седми пораз и треба да заминат од раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Пред да настапи молкот и да дојде изборниот ден размислете и направете споредба, порача лидерот на СДСМ од завршниот митинг

 

Кој инвестира во сегашноста и иднината?? – СДСМ и коалицијата.  Кој блокира? ВМРО-ДПМНЕ И Левица. Кој обезбеди членство во НАТО и успешен попис? – СДСМ и коалицијата. Кој беше против договорот од Преспа и против НАТО и кој сакаше да блокира попис? – Левица и ВМРО-ДПМНЕ Гледате ли колку е лесно кога сите факти се на ваша страна?

Вака претседателот на СДСМ Зора Заев го започна своето обраќање на завршниот митинг во Куманово, каде беше промовиран кандидатот за градоначалник Оливер Ивановски.

Заев рече дека реалноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е многу тешка, дека тој ќе изгуби на избори по седми пат, по што, како што рече, тој и групата околу него ќе мора да си заминат од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, тоа ќе биде добро и здраво и за ВМРО-ДПМНЕ, да се реформираат, а ќе биде посебно добро за државата. На државата ѝ треба конструктивна проевропска опозиција којашто ќе биде коректив на власта, но ќе ги поддржува сите клучни стратешки прашања за граѓаните, а не да блокираат економска помош на граѓаните во време на пандемија, изградба на клинички центар во време на пандемија, сакаат да ги ништат договорите со Грција и со Бугарија, со што земјата ќе ја втурнат повторно во изолација, а луѓето во тешка сиромаштија“,нагласи Заев.

Тој им порача на грашаните да не се колебаат за кого да гласаат во Куманово, бидејќи СДСМ ниту во ВЛадата ниту во општините не се поколебале и работеле посветено.

„Пред да настапи молкот и да дојде изборниот ден размислете и направете споредба“,рече Заев.

Back to top button
Close