(ВИДЕО) Заев од Струмица: Носиме одлуки, без да калулираме со нашите кариери и рејтинзи

Вечерва влегуваме во нов поход, барајќи поддршка од граѓаните за да продолжиме да ја водиме нашата земја и следните четири години, рече лидерот на СДСМ на граѓанска трибина

Го поминав целиот свет, но само дома си е дома. Затоа нашиот карван вечерва тргнува од Струмица. Затоа што Струмица ни е среќа, Струмица е како „С“ од Социјалдемократскиот сојуз – најголемата партија во Северна Македонија, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната трибина во неговиот роден град, со која ја стартува кампањата како носител на листата на колаицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.

Можам да кажам дека вечерва влегуваме во еден нов поход, барајќи поддршка од граѓаните – да ни пренесат чест и одговорност за да продолжиме да ја водиме нашата земја и следните четири години. Кога беше до нас, носевме одлуки и воопшто не калкулиравме, ниту со нашите кариери, ниту со нашите партиски рејтинзи. Носевме мудри и сериозни одлуки. Одлуки што никој во изминатите 30 години немал храброст да ги донесе. Одлуки што го отворија коридоот пред нас, што ни ги отворија сите перспективи“рече Заев.

 

 

Back to top button
Close