(ВИДЕО) Заев: Од утре до 22-ри март полициски час од 22 навечер до 5 наутро

Премиерот Заев потврди дека владата го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести од утре во 22 часот да почне полициски час кој ќе биде секој ден од 22 часот навечер до 5 часот наутро.

Оваа мерка, рече премиерот, одлучено е засега да трае 12 денови.

Донесена е и одлука за задолжителен државен карантин за домашни и странски лица кои во државава ќе допатуваат од Африка заради јужноафрканскиот сој.

За таа цел ќе биде одреден објект во кој тие ќе престојуваат за време на карантинот.

 

Back to top button
Close