ВИДЕО: „Залудно се надевате дeка ќе ме смените“: Вучиќ испрати новогодишна честитка  до Загреб, Сараево и Приштина 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави новогодишна честитка во која испрати порака до „центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина“.

„Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија “, се вели во описот на видеото.

Вучиќ рече дека 1 јануари е најдобар ден за работа во претседателскиот кабинет бидејќи нема гужва, што вообичаено е таму. Тој најави и дека во четврток српските и американските политичари ќе разговараат за енергетиката, компанијата Нафтна индустрија Србија (НИС) и можните санкции што Соединетите Американски Држави сакаат да и ги воведат.

„Ќе се бориме за интересите на нашата земја и ќе се бориме за одржување на стабилноста во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на нашиот пазар“, рече тој.

Back to top button
Close