ВИДЕО: Запалена вратата на католичка црква во Нови Сад
Во текот на ноќта во Нови Сад избувнал пожар на вратата од католичката црква „Светото име на Марија“, попозната како Катедрала, и постои сомнение дека станува збор за подметнат пожар. Истрагата е во тек, а противпожарни и полициски екипи се на терен, пишува Данас.рс.
Пасторот Атила Желер изјавил дека кога пристигнал во црквата околу шест часот утрово, надвор видел противпожарно возило и полиција.
„Рекоа дека пожарот најверојатно бил подметнат и дека се спроведува истрага“, рече Желер.
За среќа, во времето на пожарот немало никој во црквата.
„Нема повредени лица, станува збор само за материјална штета“, потврдил пасторот.
Желер нагласи дека вакви инциденти не се случиле откако тој ја презел должноста на пастор. Повеќе детали за мотивите и износот на материјалната штета ќе бидат познати откако полицијата ќе ја заврши истрагата.






