Видео: Зеленски повикува на итен прекин на огнот, проруските сепаратисти обвинуваат за гранатирање на Доњецк

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили.

Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Во меѓувреме проруските сепаратисти  снимија  гранатирање од страна на украинските безбедносни сили со гранати од забранет калибар.На територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк биле  фрлени вкупно 20 мини, пренесуваат руските медиуми

Back to top button
Close