Видео: Земјотрес од 7.7 степени, а тие во базен на врв од облакодер

Силниот земјотрес што го погоди Мјанмар беше почувствуван и во Тајланд, а како изгледаше кога удар со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала покажува снимка од камерите кај базените на врвот на облакодерот.

Силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди центарот на Мјанмар во петокот, беше почувствуван дури до Тајланд, каде што дури и урна облакодер во изградба во Бангкок. Во земјотресот загинаа повеќе од 1.600 луѓе, а загинати има и во Тајланд.

Уште првиот ден, се појави снимка на која вода се слева по облакодерите од базените лоцирани на врвот на луксузните хотели. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија и снимки од надзорните камери од самите базени.

Луѓето се релаксираа на лежалки или душеци на надувување во базените на врвот на облакодери кога почна земјотресот. Погледнете како тоа изгледаше во видеата од социјалните мрежи.

Back to top button
Close