(Видео)Земјотресот ги „стресе“ Бучковски и Османи!

 

Земјотресот во 14:09 часот денеска во Скопје, се случи за време на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, и претставникот на Владата за Бугарија Владо Бучковски.

Во миговите кога зборуваше Османи, се случи потресот, а министерот во еден миг ја прекина прес-конференцијата, и со насмевка само праша: „Дали може да продолжиме?“.

Откако се увери дека се е во ред и дека може да продолжи со прес-конференцијата, Османи продолжи со говорот.

Тој за оваа случка објави видео и на својот фесјбук профил, при што напиша:

– Природните земјотреси не се во наши раце но политичката иднина на регионот можеме да ја направиме постабилна! – стои во објавата на министерот.

Back to top button
Close