(ВИДЕО) КОРЕКТИВ- Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт
Сем Вакнин, поранешен советник на експремиерот Никола Груевски, вклучен во креирањето и на македонските економски политики, лажно се претставувал како психитерапевт, нудел психотерапевтски услуги и сеанси кои ги наплаќал и по 750 евра од час, а притоа неколку жени го обвинуваат за силување, деградирачки сексуални практики, дека им пренел канцероген хуманопапилома вирус (ХПВ) и дека ги поттикнувал да извршат самоубиство. Овие наводи се изнесени во светскиот документарец

Во поткастите една од жртвите, жена од Русија, тврди дека на Вакнин, за кој како што вели, мислела дека е психотерапевт и кој ѝ се претставувал и како доктор по медицина – му исплатила 500 илјади евра во текот на неколку години, за сеанси, а во сумата се вклучени и авионски билети, за облека и за хотелски резервации.
Според нејзините искази, таа му верувала на Вакнин дека е доктор по медицина, дека е психотерапевт, но всушност на крајот завршила во тешки трауми бидејќи врз неа биле изведувани деградирачки сексуални акти, кои биле дел од таканаречената ,,ладна терапија” – тип на терапија што Вакнин ја промовирал и практицирал врз пациентките.
Во суштината на оваа терапија, според неа, било да се предизвика повторна траума врз жртвата со цел да се надмине претходна траума. Но, жената од Русија во документарецот и во поткастите сега тврди дека се работело за постепено навлекување, перење на мозокот, со цел Вакнин да заземе целосна контрола врз жртвата и да ја деградира, а не за докажан психотерапевтски модел.
…
Повеќе на коректив.мк






