(Видео) Жестока тепачка на ученици во Сарај, летаат боксови и клоци, а дел снимаат со телефони

Вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи од групна тепачка на ученици во училишниот двор на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони.
Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат со боксови, клоци… А околу нив стојат други деца, кои не реагираат за да го спречат насилството туку снимаат со телефони.
Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.
Извор: slobodenpecat.mk





