Видео: Барикади со запалени гуми. Жители на Слупчане не им даваат на екипи на ЕВН да влезат во селото
Жителите на кумановското село Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН, кои неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, се гледа од видеото што го објави ТВ 21.
Вкупните годишни загуби поради кражби на струја во селото Слупчане изнесуваат повеќе од 1 милион евра, односно околу 6 GW/h. Процентуално, 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а успешно се наплаќа само една третина од останатите 20 отсто фактурирана енергија.
Според информациите на дел од порталите, „ЕВН Хоме“ ја исклучила електричната енергија и селото е во тотален мрак, а тоа е причина за блокадата на патот.
Порталот „Макфакс“ објавува дека поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН. Од ЕВН додаваат и дека со крадењето струја се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти.