(ВИДЕО) Знамето на НАТО од денеска се вее пред Амбасадата на Шведска во Скопје

 

Кусо видеообраќање по кревањето на НАТО-знамето во кругот на шведската амбасада имаше амбасадорката Ами Ларсон Џејн која се заблагодари за поддршката на С Македонија за членството на Шведска во НАТО и порача дека напуштајќи ја воената неутралност, земјата има намера да даде силен придонес, единство и солидарност во Алијансата

Знамето на НАТО од денеска се вее пред зградата на Амбасадата на Шведска во Скопје, откако земјата пред неколку дена и официјално стана 32. членка на воената Алијанса.

„Денеска е направен историски чекор. Знамето на Шведска и НАТО-знамето од денеска заедно се веат и пред Амбасадата на Шведска во Скопје“,

објави шведската амбасада во Скопје на социјалната мрежа Икс.

Кусо видеообраќање по кревањето на НАТО-знамето во кругот на шведската амбасада имаше амбасадорката Ами Ларсон Џејн која дека напуштајќи ја воената неутралност, Шведска има намера да даде силен придонес, единство и солидарност со нејзиното членство во НАТО-Алијансата.

Дополнително, шведската амбсадорка се заблагодари за политичката поддршка на С Македонија за апликацијата на Шведска за нејзното членство во НАТО.

„Ви благодариме Северна Македонија што нè пречекате во Алијансата! #ПосилниЗаедно #НиеСмеНАТО“,

се додава во објавата на Икс.

Шведска официјално стана 32. членка на НАТО откако премиерот Улф Кристерсон го депонираше инструментот за пристапување до САД на 7 март годинава, означувајќи го крајот на 20-месечното чекање кое започна во мај 2022 година, кога земјата поднесе барање за приклучување заедно со Финска, поттикната од руската инвазија на Украина. Финска минатата година стана 31-ва членка на НАТО.

 

Back to top button
Close