ВИДЕО: Знамиња на половина копје: Ден на жалост во Русија по терористичкиот напад во Москва

Русија од утринава ги спушти на половина копје своите национални знамиња на целата територија на државата.

Во земјата денеска е прогласен ден на жалост поради терорирстичкиот напад во концетрната сала „Крокус сити хол“ во северозападна Москва што се случи во петокот. Во еден од најсмртоносните напади во Русија во последните две децении, како што објави ТАСС, според последните податоци на Министерството за вонредни ситуации за московскиот регион, загинаа најмалку 133 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Меѓу поведените има осум деца, а три други загинаа во нападот.

Одлуката за прогласување ден на национална жалост во Русија на 24 март, ден претходно во видеообраќање до нацијата ја објави рускиот претседател Владимир Путин. Нарекувајќи го чинот „крвав и варварски“, рускиот претседател вети дека сторителите, организаторите и нарачателите на нападот, кои и да се, ќе сносат казна.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија вчера соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четворица кои биле директно вклучени во терористичкиот напад.

Од 1993 година до трагедијата од пред два дена, во Русија е прогласен ден на жалост 29 пати.

Back to top button
Close