(Видео) Зошто премиерот и владата ја кријат снимката како тој одговара за Скај њуз за мигрантите пред средбата со Стамер во Тирана

Ексклузивна досега не објавена изјава од Христијан Мицкоски за британски Скај Њуз до која дојде Инфомакс покажува дека премиерот не е погдотвен отворено да каже НЕ на мигрантските кампови и барањата на Велика Британија, односно премиерот Кир Стармер.

Во видеото снимено пред средбата на Мицкоски со Стармер, премиерот вели дека се уште не разговарал во што е најбитно официјален формат за прифаќање на мигранти, а иако директно беше прашан повеќе пати дали Македонија ќе прифти мигранти од Британија тој конкретно ниту еднаш не одговори.

Прашањето останува зошто ниту еден медиум во Македонија не ја пренесе оваа изјава, зошто ниту Владата, ниту Мицкоски не ја пренесоа оваа изјава на премиерот на социјалните мрежи на државните органи.

Што му одговорил премиерот Мицкоски на Стармер за барањето за сместување на мигранти во Македонија?

Инаку Еди Рама директно и без ракавици на прес-конференција одби прифаќање на мигранти од Обединетото Кралство во Албанија. (Инфомакс)

Back to top button
Close