Видеото со Стевчо Јакимовски дозволено само за полнолетни лица!

Видео од прославата на старо-новиот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, каде се пееше нова верзија на хитот на ,,Куку леле”, ,,Постела рози”, е рестриктирано на музичкиот канал Јутјуб и може да го гледаат само лица кои се постари од 18 години.

Причината за забраната за видеото за оние кои не се полнолетни е недоличниот текст, односно според правилникот на Јутјуб, рестрикциите за одредена возраст на гледачи се активираат поради вулгарен речник, насилна содржина, голотија, опасни активности или пак активности кои се штетни, а децата би можеле да ги имитираат.

-Како ме е*е, како ме е*е Стевчо Јакимовски, за вас е само к*р громовски – е новокомпонираниот текст со кој се славеше победата на Јакимовски, а поради кој стапија на сила и рестрикциите на музичкиот канал.

По повод недоличното однесување на прославата, се огласија и независните советници од општината, кои бараат градоначалникот да и се извини на јавноста. Тој се уште се нема јавно огласено на темата, и последната објава на неговата официјална страница е видео клип со прогласување на победа на локалните избори.

Back to top button
Close