Видевски не бил на работа во деновите кога се убиени Вања и Панче, на неговиот пиштол немало пробно пукање

Обвинителката Жаклина Јософовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, презентираше два докази против обвинетиот Боре Видевски.

Првата белешка е од ЈП „Дервен“ каде обвинетиот работел.

Според електронската евиденција Боре Видески на 22 и 27.11.2023 година не бил на работното место.

Листа од електронска евиденција покажува дека лицето не било пристутно на овие датуми на работното место, рече обвинителката.

Другиот доказ е за пиштолот кој го поседувал Видевски од 1998 година со дозвола. Од документот што го достави обвинителката, нема извршено пробно испукување на пиштол „Зброевка“.

Ова е во фунција дали може да се направи споредба на оружјето на Видески со карактеристиките на чаурата пронајдена во местото Рудник каде што е пронајден закопан Панче Жежовски. (Република)

Back to top button
Close