„Вие не сте ми ментор и не можете да ме обвинувате за криминалец“, им рече Ѓорѓиевски на две советнички од Левица

„Не би се сложил со вашите обвинувања која фирма тоа било, дали моја итн. Не личи на еден советник така да кажува, особено овде јавно на говорница. Сте слушнале дека постојат партиципативни тела каде што луѓето треба да се платат, ако учествуваат во истите? А вие што сте ми ментор, па да ми кажувате мене како да се однесувам? А мене некој криминалец некој ќе ме прави на прва седница“, изјави помалку нервозно градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на седницата на Советот за гласање на ребалансот на Буџетот откако беше обвинет од советничка на Левица.

Според него, тоа што кажал во своето обраќање не е навреда.

https://www.facebook.com/groups/833605659987883/permalink/26124074550514312/?rdid=Jj7I9E0DufAXfvbT#

-Јас на прашањето одговарам внимателно. Тендерска постапка се спроведува во која се врши избор на најповолен понудувач и тоа не се знае од денес кој ќе биде и колку ќе биде. Треба да се спроведе тендерска постапка според потребите на Градот. Едно од причините се партиципативните тела кои што ќе треба да имаат членови кои што Градот Скопје ќе треба да ги исплати, исто како и во минатото. Тоа дека партиски ќе се вработувале луѓе, како што било пракса позната во ВМРО, ќе го утврдиме во КИЦ како ќе се случувало тоа изминатие години кога не сум видел дека сте имале забелешка, рече Ѓорѓиевски од говорницата на Советот на Град Скопје, обраќајки им се на две советнички од редовите на Левица.

Градоначалникот порача дека членовите на телата ќе бидат експерти и лица кои ќе работат на одредени области и вели дека тие не може да ги плати од сопствениот џеб.

По неговиот говор, една од советничките на Левица во Советот му порача дека „однесувањето му е недозволиво“.

-Ако вие вака се понашате со мене, како ќе се понашате со обични луѓе по улица. Ако доаѓате вака изнервиран на седница, многу ме интересира на што ќе изгледаат овие четири години, истакна советничката на Левица на седницата за ребалансот на Буџетот на Град Скопје.

Back to top button
Close