-Вие сте срам и хаос, момци…“, рече Еди Рама во изјава за бугарските новинари

Македонскиот премиер одби да даде изјава пред самитот ЕУ-Западен Балкан, додека албанскиот премиер Еди Рама им се обрати со висок тон на бугарските новинари пред влегувањето на состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел.

-Вие сте срам и хаос, момци…“, рече бугарскиот премиер Еди Рама во изјава за новинарите од Бугарската национална телевизија пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

 

– Advertisements –

 

 

-Срамота е што земја членка на НАТО киднапира други две земји членки додека во задниот двор на ЕУ има жешка војна…и секако, не е добро да се види дека останатите 26 држави седат мирно, покажувајќи немоќ, рече Рама.

 

Во однос на доделувањето на кандидатскиот статус на Украина, Рама рече дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат за членство, Албанија е осум, потенцирајќи дека добивањето кандидатски статус е добра работа, но им порача на украинските граѓани да немаат многу илузии.

Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат пристапните преговори со ЕУ, но и двете земји се блокирани од бугарското вето за Македонија.

Back to top button
Close