Викенд на гордоста – Скопје 2025 ЈУГОКВИР 03–14 јуни 2025

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025″ ќе се одржи од 3 до 14 јуни во неколку културни институции во Скопје: МСУ Скопје, МКЦ, КСП Центар-Јадро и Театар Комедија.

Овогодишното фестивалско издание, со темат ЈУГОКВИР цели да ги истражува контрахегемонистичките конфигурации на родово и сексуално отелотворување во квир (феминистички) изведувачки уметности и социо-културни практики за време на социјалистичка Југославија и по неа, како и различните изведби од страна на квир телата и субјективностите во културните и политичките перформанси, визуелната култура и супкултурните практики на светоградење. Следствено, централниот фокус на ова фестивалско издание се однесува на историските и контекстуалните нијанси, критичките и политичките телесни тактики и афективните реартикулации употребени во квир и квир феминистичките перформативни и кореографски практики. Овие практики ќе бидат анализирани во однос на вкрстувачките режими на угнетување, како што се хетеронормативноста, патријархатот, етнонационализмот, расизмот, авторитаризмот, државното насилство, религиозното непријателство и неолибералниот капитализам. Фестивалското издание им пристапува на овие практики како места за појава на опозициски контрајавности и малцински проекти што имаат светотворечки потенцијал.

Програмата на Викендот на гордоста – Скопје 2025 нуди богата и интензивна културна, теориска и уметничка содржина што ги обединува квир, феминистичките и антикапиталистичките перспективи од постјугословенскиот простор.

Фестивалот започнува на 3 јуни во МСУ, со отворањето на изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА”. – обемна архивска поставка на панк и квир културата од Словенија, курирана од Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, a на 4 јуни, во КСП Јадро, програмата ќе продолжи со симпозиумот „За квир културата, Балканот, Источна Европа и глобалните транс* побуни” со учество на теоретичарите, уметници и активисти: Марина Гржиниќ, Тјаша Канцлер, Весна Липоник, Јануш Чех и ДК.

На 5 јуни, во МКЦ, ќе се изведе перформансот на Алма Гачанин „Колку добро се покажа денес / How Well Did You Perform Today”, во партнерство со фестивалот Прво па женско. На крајот од истата недела, на 8 јуни, во Театар Комедија, ќе се одржи вечерта на раскажување квир приказни под наслов СРАМОТА!, во соработка со ПичПрич.

На 12 јуни, во МКЦ, следува танцовиот перформанс „Нестабилни другари / Unstable Comrades” во концепт и кореографија на Игор Коруга, а на 13 јуни, исто така во МКЦ, ќе биде изведено кореографското соло „Атрас / Atrás” на Александар Георгиев – Аце.

Фестивалот ќе се заокружи на 14 јуни во КСП Центар-Јадро со перформансот „Dissolutions” на Маја Зечо и отворање на нејзината самостојна изложба „Незгодни иднини”, во кураторство на Џон Блеквуд.

Разгледајте ја целосната програма и времиња на почеток на настаните на нашиот Фејсбук-настан. Постерот, програмата и зборникот на Викендот на гордоста – Скопје 2024 – ЈУГОКВИР се достапни ТУКА.

Програмата го осветлува историското и современото квир културно творештво низ изложби, симпозиуми, перформанси и теориски рефлексии, создавајќи простор за критичка уметност, афективна солидарност и јавна имагинација. Преку изложби, дискусии, перформанси, танцови изведби и дистрибуција на знаења, фестивалот ги поставува прашањата за односот на квир телата и изведбите со политичките процеси на демократизација, јавниот простор, социјалистичките еманципаторски идеали, како и можноста за изградба на заедници и светови на отпор.

Куратор на фестивалот и уредник на теорискиот зборник е Славчо Димитров. Фестивалскиот тим го сочинуваат: Стефан Богески, Мања Величковска, Љубомир Фаизов, Наталија Видинска Атанасов. Преводот на каталогот од англиски го изработи Јулија Мицова, а на зборникот: Грација Атанасовска, Душица Димитровска, Душица Лазова, Јулија Мицова и Славчо Димитров. Издавач е Коалиција МАРГИНИ – Скопје. Графички дизајн: Игор Делов. Лектура: Виолета Танчева-Златева. Печатење: Дата Понс – Скопје.

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025″ е организиран од Коалиција МАРГИНИ – Скопје, во соработка со ЛГБТИ Центарот за поддршка, и во партнерство со Тиииит! Инк., Музејот на современата уметност – Скопје, А.К.Т; од Пфорцхајм, и Истражувачкиот центар при Словенечката академија на науките и уметностите.

Скопје Прајд Викенд, Прво Па Женско и Перформанс Платформа го посветуваат јуни на современата и критичка перформанс уметност во танцот, театарот и визуелната уметност, како гест на грижа, релациска, политички ангажирана уметничка практика и акт на демократизирана јавна имагинација. Твориме простор за соработка, заедништво и размена, барајќи од институциите да го препознаат и континуирано да го поддржуваат.

Фестивалот е поддржан од Heinrich Böll Stiftung, Friedrich Ebert Stiftung, А.К.Т; и Global Fund for Women.

 

Back to top button
Close