Викендов авионско прскање против комарци на подрачјето на град Скопје

– Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се изврши наредниве денови, и тоа со авионска и терестрична дезинсекција.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива в сабота и недела, во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција ќе се одвива од понеделник до петок, во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Дополнително, терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши в среда, во период од 08 до 17 часот.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, велат од Град Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Back to top button
Close